СДСМ: Каква вода пијат граѓаните на Дебрца?

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Пред два месеци при посетата на поранешниот премиер Никола Груевски на село Горенци, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски за проблемот со недостиг на вода за пиење вети дека проблемот ќе биде решен во текот на август оваа година со набавка на нова пумпа.

Август помина, новата пумпа никаде ја нема.

И не само тоа. Со Решение донесено од Државниот инспектор за храна при Агенцијата за храна и ветеринарство, ПЕ-Охрид, од 01.09.2016 година се забранува водата за пиење од мерните места: Аеродром-кујна, село Горенци, село Подмоље, село Требеништа и село Оровник, кои се водоснабдуваат од регионалниот водоводен систем со извориште во местноста „Св. Еразмо“, а со кој стопанисува ЈП „Дебрца“ – Белчишта. Воедно, се наредува на ЈП „Дебрца“ да обезбеди безбедна вода за пиење, како и да ја извести јавноста за безбедноста на водата за пиење, а до обезбедување на здравствено исправна вода, истата да се преврива 20 минути.

zabranavodadebrca

Оттаму, со право граѓаните бараат одговори од директорот на ЈП „Дебрца“ и градоначалникот на општина Дебрца на следните прашања:

– Каква вода пијат? Зошто не се запознати со решението за забрана за пиење на водата од регионалниот водовод? Што се е преземено за санирање на состојбата?

Или полесно им е да ги кријат анализите од јавноста, отколку сериозно да се зафатат со решавање на овој проблем, којшто значи здравје и живот за граѓаните.

Недозволиво е вакво однесување на штета на граѓаните, имајќи предвид дека последиците од загадената вода се опасни по здравјето на граѓаните.

За среќа, на криминалниот начин на владеење, самоволието и недомаќинското работење на ВМРО-ДПМНЕ на штета по здравјето на граѓаните му доаѓа крај.

По демократските промени, што ќе се случат на 11 декември, новата влада предводена од СДСМ, се обврзува да го реши овој и другите слични комунални проблеми, без притоа да ја задолжува општина Дебрца.

Затоа што, за здравјето на граѓаните нема компромиси.“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Дебрца.