На 1ви октомври (сабота) по 28ми пат ќе се одржат „Охридските староградски средби“ 2016, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Фестивалот има за цел да ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции.
На 28то издание ќе настапат Градски Хор при ЦК „Григор Прличев” од Охрид, ЗПK Куманово и Културно уметничко друштво Ѓоко Симоновски, Пеачка група „Весела Тајфа” од Богданци, Здружение на граѓани-Градски хор од Штип, КУД Далги ЗП Охрид и Дебрца, Ансамблот за народни песни „Вања Лазарова” од Скопје, Ансамбл Љупчо Љубен Кумбароски и Струшки Бисери од Струга, ВИС Орнаменти од Штип, Староградски тамбурашки оркестар Дом на култура “Лазар Софијанов” од Кратово, ЗП Пере Тошев – Прилеп.