Средба на претседателот Иванов со претседателот на Мадагаскар

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Њујорк одржа средба со претседателот на Република Мадагаскар, Хери Марсиал Рајаонаримампианина Ракотоариманана.

На средбата двајцата претседатели се информираа за состојбите на политички и економски план во двете земји, како и за клучните предизвици со коишто се соочувааат.

Заемен заклучок на двајцата соговорници е да зајакнат политичките контакти меѓу Македонија и Мадагаскар, да се запознаат капацитетите за соработка, и да отпочне соработката во сите сфери од заемен интерес.

Претседателот Иванов посочи дека политичките односи меѓу двете земји се добри, но дека покрај соработката на мултилатерален план, отсуствува поконкретна соработка на билатерален план и поради тоа е неопходно да отпочнат контактите и да се искористат потенцијалите, особено во економската сфера.

На средбата претседателот на Мадагаскар информираше за можностите што неговата земја ги нуди, особено во земјоделството, туризмот, рударството и енергетиката и ја истакна заинтересираноста на Мадагаскар да ги искористи македонските искуства во економските реформи.

Претседателот на Мадагаскар се заблагодари што претседателот Иванов ја прифати поканата за учество на 16. Самит на Франкофонијата, што во ноември ќе се одржи во Антананариво.