Крива Паланка победник на турнирот „Македонски херои“

Екипата на Крива Паланка е победник на 6. централен меморијален турнир „Македонски херои“, кој се одржува во чест на загинатите бранители во 2001 и 2015 година. Екипата на Крива Паланка во финалето ја победи екипата на ЕСЗ Тигар Свети Николе со 1:0. Третото место го освои екипата на ЕОП-ПЕП Кисела Вода. За најдобар играч беше прогласен Стефан Трендафиловски од екипата на ЕОП-ПЕП, а за најдобар голман Александар Димитровски од екипата на Крива Паланка.

Турнирот се одржа под покровителство на Министерството за внатрешни работи. Министерот Оливер Спасовски на отварањето на турнирот рече дека преку овој меморијален турнир во мал фудбал им се оддава почит на нашите херои, кои во моментите кога беше најтешко застанаа на браникот на татковината и го дадоа животот за својата држава.