Јавното претпријатие „Нискоградба“, согласно планот континуирано работи на чистење и профилактика на цефководи, шахти и сливници на територијата на општина Охрид.
Екипи на ЈП „Нискоградба“ , денес, работат на чистење на улицата „Даме Груев“ како и контрола и чистење на пумпната станица кај св. Софија и чистење решетки пред собирни шахти ул. Коста Абраш пред хотел Александрија и во налесено место Рача.