Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“, СВР Охрид против М.Т.(31) од Охрид поднесе кривична пријава.
Пријавениот, казненото дело го извршил на деветнаесетти овој месец околу 15 часот и 30 минути во ресторантот „Св.Наум“ лоциран во туристичкиот комплекс „Св.Наум“.
Изреволтиран поради претходна вербална расправија помеѓу гости од Бугарија и неговиот родител, пријавениот М.Т. започнал да ги крши прозорците, чашите и другиот ресторантски инвентар по што со лопата го нападнал сопственикот на угостителскиот објект.
По кратко време со нож кој го одзел од шанкот, упатил закани кон гостите кои веднаш избегале од ресторантот, а потоа го нападнал келнерот кој успеал да избега кон околните ниви. Пријавениот се обидел да фрли тегла мед кон автобусот со странски гости, кои откако избегале сакале да го напуштат туристичкиот комплекс.
Пријавениот М.Т. е лице познат на службата против кого и досега, по повеќе основи биле поднесувани кривични пријави.