Операта „Рита“ од Гаетано Доницети вечерва хуманитарно пред охриѓани

На големата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид вечерва ќе биде изведена камерната комична опера „РИТА“ од Гаетано Доницети. Истата ќе биде со хуманитарен карактер, за помош на загрозените од поплавените подрачја.

rita3

Улогите ги толкуваат Рита: Полина Тасева, Бепе: Јане Дунимаглоски, Гаспаро: Невен Силјановски, Бартоло: Борко Биџовски.„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите, на брачните недоразбирања, со комичен, но среќен завршеток. Режисер на операта е Трајко Јордановски, диригент Ѓурѓица Дашиќ, а сценографијата и изборот н костими е на Марија Ветеровска.

rita-2
Операта е со почеток во 20:00 часот, а влезот чини 100 денари.  Картите се во продажба на билетарницата на Центарот за култура.