Утре општински натпревар „Млади библиотекари“ 2016

НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и оваа година организира општински натпревар „Млади библиотекари“. Натпреварот ќе се одржи утре во просториите на Библиотеката со почеток во 10:00 часот.Право на учество на општинскиот натпревар имаат ученици и членови на библиотеките од Основните училишта.
 
Комисијата ги упатува заинтересираните ученици за учество во натпреварот да го користат Прирачникот „Млади библиотекари“ од Миле Бошески според кој ќе се формулираат и прашањата. Победниците од овој натпревар се стекнуваат со право на учество на Републичкиот (државен) натпревар кој годинава ќе се одржи на 28ми октомври (петок) во Велес.