СДСМ: Во 21 век охриѓани да живеат покрај вода, а да останат без вода за пиење

„Во 21 век за жал на Охрид и тоа му се случи. Охриѓани да живеат покрај вода, а да останат без вода за пиење. Од осамостојувањето до денес, граѓаните на Охрид за прв пат останаа без вода за пиење. Ова се последиците на 4 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со градоначалникот Бакрачески.“, рече на денешната прес – конференција Ѓоко Танасоски, член на Извршен Одбор на СДСМ.

Тој рече дека ова е уште една потврда, дека за ВМРО-ДПМНЕ граѓаните не се важни.

sdsm_izjava02

„Во Охрид условите за живот никогаш не биле полоши. Сето ова е резултат на расипничкото и недомаќинско работење на директори послушник на Никола Груевски, Томе Паскалоски. Општина Охрид се повеќе се задолжува, за што јасно говорат и последните извештаи на Јавните претпријатија во Охрид. Ветените проекти останаа нереализирани.  Додека Проаква работи со загуба од над 500 илјади евра, директорот Паскалоски, минатата година си ја зголеми својата плата за 10 илјади денари. Мора да им кажеме Доста беше. На криминалното и неодговорно однесување ќе му дојде крај. По демократските промени, сите јавни комунални претпријатија ќе подлежат на финансиска анализа и секој што го прекршил законот ќе одговара“. – потенцира Танасоски.

Додаде дека СДСМ има решенија како јавните претпријатија во Охрид да не бидат повеќе загубари, како сите вработени во овие претпријатија да останат на работа и редовно да земаат плата, а граѓаните да добиваат навремени и квалитетни услуги.

sdsm_izjava01

WebOhrid