Тешка сообраќајка на патот Охрид – Ресен

Вчера околу 17:05 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, поточно кај м.в.„Рибник“, атар на с.Крушје, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо Корал“со битолски регистерски ознаки управувано од Д.С. (20) од с.Подино-битолско, и патничко возило „Волксваген Пасат“ со ресенски регистерски ознаки управувано од Љ.Д. (47) од Ресен.

Во незгодата на самото место починал 17 годишен сопатникот од патничкото возило „Југо Корал“, додека возачот Д.С. се здобил со тешка телесна повреда кој по укажаната лекарска помош во Здравствен дом-Ресен бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Охрид, а возачот на патничко возило „Пасат“Љ.Д. се здобил со телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ПС-Ресен. По наредба на ЈО, телото на починатиот е предадено за обдукција.