Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика, секоја година, веќе неколку децении е носител на активностите поврзани со ДЕТСКАТА НЕДЕЛА во Р. Македонија, која се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври.
Во рамките на Детската недела, која што е и законска манифестација наменета за децата се спроведуваат низа активности како на Републичко ниво така и во рамките на секое училиште.
Во училиштето „Григор Прличев“, денес покрај останатите планирани и реализирани активности учениците од првите одделенија дадоа свечено ветување и се зачленија во Детската организација.
„На културно уметничката програма која беше организирана по повод зачленувањето им беше прочитано детското ветување кое стои на последната страна од детскиот пасош. Учениците добија беџови, а беа распределени и вредносни маркички низ училиштето, месната заедница, општината…“ – информираат од ОУ „Григор Прличев“.