Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори,“, полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против Е.И.(26) од гостиварското село Лакавица и Б.Р.(34) од Гостивар.
Нив, одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена.
На осми овој месец, околу 21 часот, при акција на криминалистичката полиција при СВР Охрид, во патнички автомобил „Порше Ка-ен“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.И. пронајдени се околу 4о килограми непозната зеленкаста тревкаста материја.
Акцијата е изведена во соработка со униформираниот полициски состав од полициската станица од Струга со поставување пункт на раскрсницата помеѓу струшките села Франгово и Калишта. Притоа, сопрен е патничкиот автомобил по што на задното седиште забележана е црна платнена торба со 20 најлонски паковања со зелена растителна материја. Дополнително во багажниот простор на возилото, пронајдена е уште една таква торба со иста количина најлонски паковања. Покрај ова, пронајдени се и мобилни телефони како и поголема количина пари во различна валута.
Во консултација со јавен обвинител, пронајдената дрога и другите предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.