Македонија 2:3 Италија

Македонската А репрезентација загуби со 2:3 од Италија во натпревар од третиот круг квалификации за пласман на Светското првенство во Русија 2018.

На националната арена „Филип Втори” избраниците на селекторот Игор Ангеловски пропуштија да направат голем подвиг против моќната селекција на Италија која погоди во 92 минута за победа.

Натпреварот го отворивме со убава можност која ја имаше Илија Несторовски, но гредата беше сојузник на Буфон. Италијаните преку Белоти ја казнија нашата лошо поставен одбрана и поведоа со 0:1 во 24 минута. Во продолжението Македонија со фуриозна игра успеа за две минута да направи комлетен пресвер и да поведе со 2:1. Најпрво, Илија Несторовски во 57 минута одлично ја искористи грешката на Верати и погоди за израмнување на резултатот. Веќе во следниот напад, нашите фудбалери преку Хасани поведоа со 2:1 за голема радост на трибините на националната арена. Сепак, Италијанците до крајот од мечот успеаа да ги консолидираат редовите, а нашата одбрана повторно попушти пред најсериозниот испит. Чиро Имобиле погоди за израмнување на резултатот во 75 минута. Истиот играч во судиското продолжение погоди за конечни 2:3. Фудбалерите на селекторот Игор Ангеловски покажаа нова добра игра, но повторно теренот го напуштија со наведнати глави.

МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА 2:3 (0:1)

МАКЕДОНИЈА: Богатинов, Шиков, Мојсов, Ристевски, Ристовски, Жута (46’ Ибраими), Спировски, Хасани (80’ Трајчевски), Алиоски, Пандев, Несторовски (68’ Петровиќ)

ИТАЛИЈА: Буфон, Барзаљи, Бонучи, Бернардески (64’ Сансоне), Де Шиљо, Ромањоли, Кандрева, Бонавентура (64’ Пароло), Верати, Белоти, Имобиле