Ученичката Стефани Донеска, 9-то одделение од ОУ „Григор Прличев“, годинава ја освои Првата награда на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ кој се одржа во Библиотеката на 6-ти октомври.
Донеска се стекнува со правото да учествува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој годинава ќе се одржи во Велес.
На Општинскиот натпревар учествуваа 13 ученици од основните училишта во градов.