Во Охрид ќе се одржи регионална работилница „Изградба на еколошката отпорност кај локалните заедници“

Регионалниот центар за животна средина за Центална и Источна Европа (РЕЦ) организира Регионална работилница во рамки на проектот CRESSIDA на тема „Изградба на еколошката отпорност кај локалните заедници“.

Работилницата е во рамки на проектот „CRESSIDA – Градење на локални одрливи и отпорни заедници, во рамки на меѓународните водени текови, како што е Дримскиот речен слив”, која ќе одржува од 12ти до 14ти октомври во Охрид.

Работилницата официјално ќе биде отворена со воведно обраќање од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески.