Ќе се служи света литургија за празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св.Јован Кукузел“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 14ти октомври (петок), во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св.Јован Кукузел“. Литургијата е со почеток во 8:45 часот, а на истата ќе чиноначалствува неговото високо преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.