Македонските јунаци минаа низ „Порта Македонија“

Македонските фудбалски јунаци ја сплотија целокупната македонска јавност. По големиот успех остварен вчера, кој претставува историски за Македонија со пласман на едно Европско првенство, младите македонски фудбалери денеска поминаа низ портата која значи симбол за успесите на сите наши спортски селекции.