Непознат сторител извршил кражба во куќа во с. Бороец

Вчера во 14:20 часот во Подрачното Одделение Велешта, струшко, С.И. (56) пријавил дека истиот ден околу 00.00 часот непознат сторител извршил тешка кражба во куќата сопственост на Ш.С. од с.Бороец, струшко, кој бил на привремена работа во Швајцарија.

Сторителот преку прозор од подрумските простории влегол внатре и по извршено пребарување одзел пиштол калибар 9 мм и златни предмети, а потоа насилно отворил сеф од кој одзел предмети кои дополнително ќе бидат утврдени.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.