Во организација на ЕД Грашница, а во соработка со Македонската рурална мрежа, во Охрид ќе се одржи настан „Едукација на земјоделските производители за заштита на животната средина од прекумерна употреба на минерални ѓубрива и пестициди“ – обука за земјоделци. Обуката ќе ја изведуваат специјалист по агрохемија и искусен практичар – фармер.
Ваков настан ќе се организира и за струшките земјоделци во Струга на крајот од месецот.
„Ова е од големо значење за охридско-струшкиот регион, а целта е да добиеме едуцирани земјоделски производители кои ќе произведуваат здрава храна наменета за европскиот пазар. Според нашата констатација од терен и од претходни проекти, е дека се уште немаме доволно едуциран земјоделски производител кој треба да произведува храна која ќе нема остатоци од пестициди и минералните ѓубрива.“– велат од ЕД Грашница.
Настанот ќе се одржи утре, 17 октомври (понеделник), во вила Света Софија, со почеток во 11.00 часот и ќе трае до 14.00 часот.