Во рамки на Твининг проектот за Модернизација на пост-средното образование во Република Македонија, во СУГС „Лазар Танев“ во Скопје, се одржа работилница на која учествуваа претставниците на Министерството за образование и наука, директори и наставници од средните стручни училишта во Република Македонија, Центарот за образование на возрасни, Државен испитен центар, Агенција за вработување, Државен просветен инспекторат, Центарот за средно стручно образование, како и претставници на бизнис заедницата.
Работилницата беше посветена на презентација на пост-средното образование во контекст на Македонската рамка на квалификации, како и презенатација на искуства на земјите членки на Европската Унија, каде што се спроведува пост-средното образование.
Заедно со средношколците, невработените и лицата кои се во работен однос, како и работодавачите, се дискутираше за начините и моделите на промовирање на пост – средното образование, со единствена цел приближување на целиот процес до таргет групите и согледување на придобивките од истиот.