Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради настанат дефект на главна водоводна линија ф450мм, утре, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „1-ва Мак.ударна бригада“,„15-ти Корпус“, дел од ул.„Питу Гули“ и дел од с.Лескоец.
Прекинот ќе биде од 08:00 часот па се до отстранување на дефектот.