ВМРО-ДПМНЕ назначи нов претседател на ОК во Охрид

Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ донел одлука со која за нов претседател на општинскиот комитет на партијата во Охрид е назначен др. Љубен Арнаудов, актуелен директор на Општата болница во градот.

Досега оваа функција ја вршеше Атанаско Михаилов, исто така лекар, чиј мандат формално завршил уште во 2014 година. Назначувањето на новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Охрид се толкува како престројување на партијата на терен, во пресрет на изборите закажани за 11 декември.

Владејачката партија веќе распишала и интерен конкурс за кандидати за градоначалник на Охрид, иако локалните избори се догодина.

На огласот се јавиле десетина кандидати, кои поднеле свои видувања за идниот развој на градот. Најголемиот број од пријавените се членови на Советот на општината или се функционери во локалната самоуправа.

Извор: meta.mk