У21 репрезентативците ќе поделат 230 илјади евра

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница утврди награден фонд за репрезентацијата на Македонија до 21 година за постигнатиот успех – пласман на ЕП во Полска 2017 година. Со ова вкупниот фонд за репрезентацијата до 21 година за успешните натпревари во квалификацискиот циклус и пласманот на ЕП во Полска 2017 година е во вкупен износ од 230.000 Евра.

„Настапот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на ЕП 2017 беше нешто посебно, игра со срце и желба за успех. Не ни беше проблем да се договориме околу решение за паричната награда. Клучно е она што репрезентативците го покажаа на терен. Заеднички покажавме нови стандарди на работење и така ќе биде и во иднина. На екипата и на селекторот Милевски им посакуваме многу среќа на Европското првенство. Покажаа дека со квалитетот припаѓаат меѓу најдобрите селекции во Европа“, е ставот на членовите на Управниот одбор на ФФМ.