Во Охрид ќе се одржи меѓународна судска конференција „Независно судство“

На 28ми октомври (петок) во Охрид, ќе се одржи Прва меѓународна судска конференција на тема „Независно судство“.

Конференцијата е организирана од страна на Врховниот суд на Република Македонија и Здружението на судии на Република Македонија, во соработка со CEELI Institute Prague и со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија.

На конференцијата поздравно обраќање ќе имаат Лидија Неделкова, претседател на Врховниот суд на Република Македонија, Дејвид Стивенсон, шеф на политички и економски оддел на Амбасадата на САД во Република Македонија, Кристофер Лехман, извршен директор на Институтот CEELI, Прага и Судија д-р Џемали Саити, претседател на Здружението на судии на Република Македонија.