Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31ви октомври (понеделник), во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ – Охрид, со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.ап.и ев.Лука и Св. Констанин Кавасила“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј (едноцрквие).
На 01ви ноември (вторник), во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“, Плаошник – Охрид, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преп.Прохор Пчински и прен.на мошти на Св.Јован Рилски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
На овој ден богослужба ќе има во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ на Плаошник -Охрид (едноцрквие).
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.