„Епитети-Етикети“ – Проект за заштита на човековите права и дискриминација и против говор на омраза

Младински Совет од Охрид, во соработка со „АМОС“ од Битола, „ИСИОР“ од Струга и „ФОКУС“ од Ресен, започна да го реализира проектот „ЕПИТЕТИ-ЕТИКЕТИ“ – проект за заштита на човековите права и дискриминација и против говор на омраза. Проектот е поддржан од Амбасадата на Франција во Република Македонија и ќе се реализира во период од три месеци.

На почетокот на проектот ќе биде спроведено истражување за состојбата со човековите права, дискриминацијата и говорот на омраза, а после тоа предвидено е да се реализираат 4 локални трибини и една регионална завршна конференција на која ќе се согледаат добиените резултати од истражувањето и ќе се донесат заклучоци за понатамошно делување.

Целни групи се основните и средните училишта, факултетите, здруженијата на граѓани, навивачките групи, медиумите, политичките партии/подмладоци, СВР-МВР, Центрите за социјални работи, Замениците на народниот правобранител, млади и други институции и индивидуалци кои ги засега проблематиката која ја опфаќа проектот.