Отслужена литургија за празникот Св.Константин Кавасила и Св. апостол Лука

Денес на празникот посветен на Светиот апостол и евангелист Лука и на светиот Констанин Кавасила, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа.