Претставници на Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на телесно инвалидизирани лица на Република Македонија, денеска имаа работна средба во општина Охрид, на која стана збор за имплементација на проектот за изградба на инклузивни детски игралишта со специјални реквизити кои би биле достапни и за децата со инвалидитет.Беше договорено Локалната самоуправа да обезбеди локација и да ја подготви подлогата на инклузивното игралиште, а реквизитите ќе бидат обезбедени во рамките на проектот.
Со изградбата на инклузивното детско игралиште, на децата со инвалидитет ќе им се овозможи безбедно да играат и да се социјализираат во поттикнувачка средина за правилен раст и развој.