Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар утревечер ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“, со почеток во 20:00 часот.
Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација.
Картите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба по цена од 150 денари, а на денот на изведба по цена од 200 денари. Препорачана возраст е над 16 години.