Груевски: “ФПЦ Технопласт” ќе инвестира и ќе отвори околу 200 нови работни места

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својата фејсбук страница објави уште една добра вест за граѓаните која значи нови вработувања и развој на македонската економија. Груевски: „ Денес во технолошко индустриската развојна зона во Скопје почнува со градба втората македонска инвестиција. Станува збор за компанијата “ФПЦ Технопласт” која е фирма-ќерка на компанијата “Тетепласт” која функционира во Македонија скоро 20 години и своето производство, пред се, го наменува за странскиот пазар. Со денешниот настан се одбележува една нова етапа од работата на оваа домашна компанија, почеток на една сериозна инвестиција која се проценува на околу 10 милиони евра и која треба да отвори 200 нови работни места во Македонија. Тоа значи сигурна егзистенција на 200 семејства. Планирано е инвестицијата да се реализира во две фази, од кои, во првата фаза ќе се вработат првите 100 луѓе, а по целосното комплетирање на оваа домашна инвестиција ќе се стигне до бројката од 200 вработувања“.