Света литургија за празникот Св. бесребреници Козма и Дамјан

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верниви дека на 14ти ноември (понеделник), во црквата „Св. Козма и Дамјан“ Варош – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот посветен на Св. бесребреници Козма и Дамјан.

Литургијата ќе биде со почеток во 8:45 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј. 

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.