Ноември Месец на наука и Месец на награди во ОУ„Кочо Рацин “ – Охрид

Викендов во организација на Друштвото на физичари на Р.Македонија, Друштвото на биолози на Р.Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите, Македонското астрономско друштво, Македонското географско друштво, Скопското астрономско друштво, Природно математичкиот факултет и Скопје City Mall се организира настанот Ноември месец на науката. 

Во рамките на овој настан во петокот 11.11.2016 год учениците од основните училишта од V до IX одделение од целата држава имаа можност да се натпреваруваат во изработка на демонстрации, експерименти по предметите физика, биологија, хемија, природни науки и географија. Тие своите експерименти и демонстрации ги презентираа пред комисија составена од универзитетски професори.Можеше да се видат повеќе од 150 изработки, демонстрациии, експерименти, модели или симулации.Настанот се реализираше на вториот кат во Sity Mall и сите добронамерници, посетители, родители, студенти имаа можност да го посетат и да уживаат во презентирањето на младите научници. Исто така учениците учествуваа на интересни предавања од различни области, се натпреваруваа на тест натпревар и ги посетија лабораториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На овој натпревар учениците од ОУ„Кочо Рацин”- Охрид одлично се претставија и ги освоија следните награди:

I место експерименти физика за IX – Андрески Стефан и Петреска Ангела под менторство на наставничката Силвана Крстеска. II место експерименти физика за IX – Јосифоски Стефан под менторство на наставничката Силвана Крстеска. II место експерименти биологија за VIII – Новичиќ Елеонора и Марија Ѓореска под менторство на наставничката Татјана Лошкоска. III место експерименти биологија за VIII – Василеска Михаела и Тамара Илијоска под менторство на наставничката Татјана Лошкоска.

Пофалница експерименти биологија за VIII – Василија Јовчески под менторство на наставничката Татјана Лошкоска.

Во рамките на истиот настан во саботата 12.11.2016 година на Природно-математичкиот факултет беше организиран тест натпревар со комбиниран тест на знаења по предметите физика, биологија, хемија и географија на кој ученичката од VIII одделение Тамара Илијоска под менторство на наставничката Татјана Лошкоска освои Пофалба.

„Успехот од освоените награди е уште поголем ако се знае дека нашето училиште нема кабинетска настава и располага со оскудни нагледни средства истакнуваат наградените наставнички од ова училиште.“– велат од ОУ „Кочо Рацин“.