Кривична за охриѓанец поради злоупотреба на службената положба и овластување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.С.(62) од Охрид.

Пријавениот, во текот на 2016 година, како раководител на градежна оператива во јавното претпријатие „Градски гробишта“ Охрид, искористувајки ја службената положба, во четири случаи не се придржувал на изготвените налози за вршење на градежни работи на гробните места, туку неосновано дозволил зголемени градежни работи кои што не биле наведени во налозите. На тој начин, биле извршени и работи кои не биле фактурирани со што, на јавното претпријатие „Градски гробишта“ му била предизвикана материјална штета од 31. 258,оо денари, а материјална корист на четири семејства.

Покрај ова, пријавениот, во својство на раководител на градежната оператива, спротивно на деловното работење на јавното претпријатие „Градски гробишта“ издал налог за изработка на дел од надгробен споменик. Иако знаел дека јавното претпријатие не изработува надгробни плочи, Б.С. дал налог да се изработи надгробно косо перниче со половен материјал-мермер претходно подигнат од магацин на јавното претпријатие.