Организацијата на потрошувачи на Македонија заедно со Организацијата на потрошувачи Охрид и Агенцијата за храна и ветеринарство денес во Охрид презентираше три нови заедничко изработени брошури кои што се однесуваат на исхраната на населението. Целта беше тие брошури да се промовираат во маркетите во Охрид, да им се поделат на граѓаните, практично да се доближат до потрошувачите на кои што им се наменети овие брошури.
„Едната брошура „Опасности во храната“ се однесува на опасностите, кои опасности би можеле да произлезат од прехрамбените производи кои што ние насекаде ги јадеме, без разлика дали е тоа овошје, зеленчук, млечни производи, месни, кои би можеле да предизвикаат практично одредени болести. Втората брошура „Следливост на храната“ се однесува на следливоста на храната, односно дека контролата на исхраната би требало да биде од нива до вилушка, за да може да имаме пласирани производи кои што се безбедни за граѓаните, значи целиот тој ланец мора да се следи, за кога ќе дојдат на трпезата тие производи да бидат безбедни и здрави за потрошувачите кои што ќе се исхрануваат со нив. Третата брошура „ЗООнози“ се однесува на зоонозите, односно кои болести би можеле да бидат предизвикани од животните, односно кои болести кои што животните ги имаат би можеле да се пренесат преку прехрамбените производи до човекот односно да заболат луѓето кои што ги конзумираат. Брошурите се интересни, мислам дека сите ние како граѓани и потрошувачи би требало да ги прочитаме за да знаеме на кој начин да се заштитиме.“– изјави Татјана Тасевска, правен советник во Организацијата на потрошувачи на Македонија.
WebOhrid