Непознато лице со нож повредило 17-годишно момче од Охрид

На 20.11.2016 година во 02,25 часот телефонски во СВР-Охрид се јавила М.Г. од Охрид и пријавила дека истиот ден во 02,15 часот, на мобилниот телефон на нејзиниот 17 годишен син се јавило непознато лице и му рекло да излезе пред продавницата, лоцирана на ул.„Питу Гули“ во Охрид.

Кога нејзиниот син излегол пред продавницата, од ПМВ„Мерцедес“ излегло непознатото лице кое извадило нож со кој му нанел повреди во пределот на десната рака. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.