Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 100.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (8.7%), Земјоделство, шумарство и рибарство (7.2%) и Информации и комуникации (6.0%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (3.4%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (2.7%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (2.4%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2016, изнесува 22 191 денари.
Во септември 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.