Повредено осумгодишно момче во сообраќајка на ул.„Ристо Чадо“

Вчера во 17:40 часот во Охрид на ул. „Ристо Чадо“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ ,„Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (41) од Охрид удрило во осумгодишно момче од Охрид.

Во незгодата со тешка телесна повреда се здобило детето кое било пренесено во Општа болница Охрид. По извршениот преглед и по укажаната лекарска помош бил препратен на лекување во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. „Еразмо“ Охрид. За настанот бил известен Јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Охрид.