ОО на СДСМ Охрид испрати писмена реакција во врска со прес-конференцијата на Љубен Арнаудов. Во реакцијата стои:
„Граѓаните се сведоци дека од сето она што во изминативе години беше најавувано за Охрид, апсолутно ништо не е реализирано.
Ниту охриѓани пазарат во затворен пазар, ниту возрасните охриѓани го добија Домот за стари лица, ги нема ниту катните гаражи, а и изградбата на затворениот базен која помпезно ја најавија, не е мрдната од мртва точка.
СДСМ и коалиционите партнери имаат План за живот во Република Македонија со кој конечно државата, после еднодецениското тонење во сите сфери од живеењето, ќе тргне во вистинскиот правец.
На 11ти декември, граѓаните ќе одберат живот наместо празни ветувања, корупција и криминал.“ – стои во реакцијата од Општинската организација на СДСМ Охрид.