Арнаудов: Поголем дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на младите и нивниот правилен развој

Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за пратеник во ИЕ 5 Др. Љубен Арнаудов, денес се сретна со жителите на Лескоец. Во изјава за медиумите тој истакна:

„Денес младите преставуваат движечка сила и промотор на новите вредности на секое општество и држава. Токму поради тоа поголем дел од програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ е посветена на младите и нивниот правилен развој. ВМРО ДПМНЕ како сериозна политичка партија која секогаш мисли за својата младина создава предлог мерки за решавање на проблеми кој ги засегаат и на локално и на национално ниво. Младите секогаш биле дел од учеството во креирањето на политиките и во донесувањето на значајни одлуки. Тоа е еден од основните сегменти за креирање на прогресивни и модерни политики во Република Македонија. ВМРО ДПМНЕ во својата програма РЕАЛНО предвидува младински проекти во сите општини на Република Македонија.“- рече Арнаудов.

Во Охрид во насока на поддршка на спортскиот дух и промоција на спортот и спортските активности за љубителите на кошарката предвидена е изградба на четири кошаркарски игралишта.

„Предвидена е реализација на проектот за популаризација на повеќе спортови: ракомет, фудбал, ватерполо, кајак, веслање, едрење, бадминтон, пинг-понг, одбојка на песок вклучувајќи на истите и бесплатни часови за обука чија што целна група се деца, младинци и други посетители.Исто така за општина Охрид е предвидено реализација на проектот локални младински совети, а токму преку овој проект младите можат директно и непосредно да предлагаат проекти и мерки со што би го унапредиле развојот на општината. Сведоци сме на проекти за млади кои се реализирани изминатиов период како изградба на фудбалско игралиште на вештачка трева кое е веќе во употреба. Проектите на ВМРО ДПМНЕ за младите во Охрид и во иднина ќе продолжат да се реализираат, како пример за тоа се затворениот базен и фитнес зоните и уште многу многу други.

Спортот е најважниот сегмент во развојот на секој млад човек токму поради тоа младите ќе ја препознаат разликата на остварените проекти и на 11ти декември ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ.“ – истакна Арнаудов.