Сојузот на борци организира трибина по повод 29-ти Ноември

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 29ти Ноември ќе организира трибина на тема „Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава”. За овој значаен настан ќе зборуваат претседателот на ОО на СБ Охрид и Дебрца Гоце Георгиески и Наце Иваноски професор по историја.

Трибината ќе се одржи утре во просториите на Организацијата ( Барака на „Гранит”) со почеток во 11:00 часот.