Федерацијата за училишен спорт на Македонија и Општина Старо Нагоричане во соработка со Сојузот на училишен спорт на Куманово и Шаховската федерација, го организираа Државното шаховно првенство за ученици од основните и средни училишта.
Сите натпревари се играа со временска контрола по Швајцарски систем од седум кола. На првенството учествуваа рекордни 115 ученици и тоа 91 машки и 24 женски, од скоро сите градови на Македонија.
Најуспешни ученици од основните училишта се:
1.Никола Јорданов – Скопје, ОУ„Стив Наумов“
2.Андрај Велјановски – Скопје, ОУ„Стив Наумов“
3.Кристијан Велковски – Скопје, ОУ„Дане Крапчев“
1. Јана Анѓелкоска – Охрид, ОУ„Григор Прличев“
2. Михаела Зрмановска – Скопје, ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“
3. Николина Јанушева – с.Босилово, ОУ„Гоце Делчев“
Кај среднистите најдобри се :
1. Филип Михов – Скопје, СУГС „Орце Николов “
2. Тони Лазов – Неготино, СОУ„Св.Кирил и Методиј“
3. Давид Манески – Прилеп, СОУ „Мирче Ацев“
1. Симона Лакинска – Скопје,СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“
2. Андријана Ѓорѓевска – Куманово, СОУ „Перо Наков “
3. Ана Петрова – Неготино, СОУ „Св. Кирил и Методиј“
Учениците кои освоија прво и второ место во сите категории се здобија со право на учество на спортскиот камп.