Арнаудов: Програмата „Реално“ е најсоодветно четиво за сите области вклучувајќи ги водените басени во Македонија

Особено е значајна тематиката која ја опфаќа внатрешната пловидба. Република Македонија и тоа како е богата со водни ресурси, но за одржување во оптек на водените басени потребни се значајни проекти кои денес може да ги согледаме како наведени во програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ. Ова го истакна на денешната прес-конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за пратеник во ИЕ 5 Др. Љубен Арнаудов.

Тој наброи само неколку проекти кои се директно поврзани со градот Охрид.

„Брод за чистење на езерското дно, одржување на пловни патишта, поставување сигнализација на пловни патишта за Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Дојранското Езеро кој што ќе биде наменет за чистење на езерското дно од воден нанос, камен и песок, од отпадоци, но и за проширување, прочистување и одржување на брегот на езерата. Мобилни пловила за инспекторската служба при капетанија – Охрид, со цел да се зголеми мобилноста на инспекторите и воедно да се овозможи зголемена безбедност на езерскиот сообраќај за кој ќе биде набавен гумен чамец со пластично дно со вонбродски мотор и соодветна сигнализација. Санација на другите пристаништа. На неколку пристаништа и платформи по езерото ќе се изврши санација кои се во оштетена состојба меѓу кои и Свети Наум, Трпејца и Пештани.Поставување на понтонски пристаништа на Охридското Езеро се со цел олеснување на внатрешната пловидба. Проектирање и изградба на наутичка карта за Охридското Езеро која ќе биде изготвена во електронска и хартиена верзија на која што ќе бидат вметнати сите пловидбени, знаци, пловки, сигнални светила и други важни информации. Но еден од најзначјаните проекти во Охридското Езеро несомнено е Проектирање и изградба на МАРИНА во Охрид, проект кој ќе се реализира од 2018-2020 година и ќе чини вкупно 2 милиони евра.“– рече Арнаудов.

pressvmrodpmne_1

Како што рече Арнадудов, идејните решенија за изработка на марината се избрани, се предвидува изработка на проектна документација. Овој проект ќе биде финансиран од МЕПСО, а се гради со цел да се задоволат потребите за сидрење на бродови и рекреативни пловни објекти, како и да се излезе во пресрет на потребите од зголемен број на пловни објекти во иднина.

„Ќе се гради со најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти (едрилици, глисери, чамци и слично), 10 бродови и осовременување на пристапите за бродови и зголемување на просторот за маневрирање. Исто така се предвидува марината да биде комплекс кој што ќе има и други содржини како ресторан, продавница за наутичка опрема, сервис за пловила, бензиска пумпа, паркиралиште за возила и приколки, административен дел и магацински простор.“ – додаде Арнаудов.

Според Арнаудов, програмата РЕАЛНО е најсоодветно четиво за сите области вклучувајќи ги водените басени во Република Македонија и токму преку оваа програма ВМРО ДПМНЕ е поблиску до граѓаните.

WebOhrid