Царинската управа се вклучи во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“

Царинската управа на Република Македонија, како во сите досегашни акции, активно се вклучи и во осумнаесеттата по ред акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ под мотото „Засади еко иднина!“, која се одржа на 30 ноември 2016 година.

Царинските службеници организираа активности за засадување на садници на сите гранични премини, а голема поддршка на акцијата дадоа и колегите, претставници на другите погранични служби, како од Република Македонија, така и од соседните земји. Оваа година македонските царински службеници засадија вкупно 200 садници.

den-na-drvoto-1

Царинската управа, поддржувајќи ја оваа акција го дава својот придонес во насока на заштита на здравјето на луѓето и заедно со останатите институции придонесува во остварувањето на целта на акцијата, а тоа е обновување на шумскиот фонд во Република Македонија.

drvo