Благоја Милевски: Македонија У21 ќе биде предизвик за сите на ЕУРО 2017

По извлекувањето на групната фаза од У21 Европското првенство во Полска 2017 година, Македонија е во Б групата заедно со репрезентациите на Португалија, Шпанија и Србија. Селекторот на репрезентацијата на Македонија Благоја Милевски даде кратко интервју за присутните медиуми.

  • Кое е вашето мислење веднаш по ждребот?

Сметам дека е многу силна група, но знаеме дека на ова натпреварување нема лоши тимови. Ние сме со Шпанија, Португалија и Србија, првите две репрезентации веќе имаат освоено Европска титула, а оваа генерација на Србија го освои Светскиот куп. Мислам дека сме во можеби најсилната група со многу добри репрезентации, но јас мислам дека ние имаме квалитет за да се надигруваме со сите. Се надевам дека ќе играме исто толку добро како и во квалификациите.

  • Што значи за Македонија да бидете дел од вакво првенство бидејќи вие сте првиот национален тим од Македонија кој се квалификувал на големо натпреварување. Дали тоа создава дополнителен притисок врз вас или како се чувствувате поради тоа?

Најпрвин би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на сите во тимот и да им посакам здравје и нови убави моменти. Мислам дека нашиот сон се оствари, но сонот сеуште трае. Сигурен сум дека во Полска ќе играме добар фудбал и ќе ја промовираме нашата земја на најдобриот можен начин.

  • Што мислите дека би можело да биде успех за Македонија на Европското првенство?

Нашата цел е да покажеме дека знаеме да играме фудбал и дека имаме квалитет и потенцијал. Убеден сум дека ќе бидеме предизвик за сите на првенството. Ќе играме добар фудбал.