ВМРО ДПМНЕ реализира огромен број капитални проекти во патната инфраструктура, а во наредниот период ќе се продолжи со уште подинамично темпо за реализиција на започнатите, но и на нови проекти. Во програмата РЕАЛНО укажуваме и многу нови проекти за инфрастуктурата, за реконструкција и изградба на локални патишта за градот Охрид кој се од големо значење за нашите граѓани. Ова денес го истакна претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за пратеник во ИЕ 5 Д-р Љубен Арнаудов, кој беше на средба со жителите на Пештани.
„ВМРО ДПМНЕ изминативе години започна инвестициски циклус во делот на патнта инфраструктира, се спроведоа голем број реформи и услуги со што се олесни функционирањето на транспортниот систем.Исто така се работеше на збогатување на туристичката понуда, се со цел да се подигне квалитетот на живеење на граѓаните.“- изјави Арнаудов.
Како што истакна Арнаудов, во делот на патната инфраструктура во Охрид предвидени се многу проекти: Предвидена е реконструкција на патот с.Лескоец-с.Долно Лакочереј-с.Горно Лакочереј во должина од 4,6 км, како и реконструкцијата на локален пат во Рача во вредност од скоро 4 милиони денари. Како еден од позначајните проекти за градот Охрид е изградбата на нов експресен пат Охрид-Пештани кој ќе се гради паралелно со стариот пат во должина од 14,5 км.
„Изградбата на овој пат е од големо значење за развојот на туризмот во охридскиот регион, но исто така овој експресен пат е неопходен бидејќи со неговата изградба ќе им се олесни движењето на граѓаните кои живеат во Галичкиот предел, посебно во летниот период. ВМРО ДПМНЕ продолжува со реализација на планираните проекти кој се во насока на зајакнување на инфраструктурата во Република Македонија. Како и претходните години,мотивирани и посветени ќе продолжимеда работиме за потребите на граѓаните да ја направиме нашата земја поквалитетно место за живеење.“-истакна Арнаудов.
WebOhrid