Јавен повик за изработка на мобилна апликација

ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

ВО НАТПРЕВАР ЗА ИЗРАБОТКА НА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА

ВО РАМКИТЕ НА НАЦИОНАЛНАТА КАМПАЊА „ИНФОРМИРАЈ СЕ СЕГА!“

Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“ Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) и со Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство организираат натпревар за изработка на мобилна апликација за веб страната www.mladi.ams.mk.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА

Наградниот Фонд за најдобрата апликација изнесува 500 евра во денарска противвредност, и право на учество имаат тимови со максимум 3 членови – сите студенти на еден од државните или приватните универзитети во Р. Македонија.