Вечерна богослужба и света архиерејска литургија за Св.Климент Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре (среда), ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод јубилејниот празник 1100 години од блаженото упокојувањето на „Свети Климент Охридски“ со почеток во 16:00 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.

08 декември 2016 година (четврток), со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои вернци на помасовно заедничко прославување, на јубилејот 1100 години од блаженото упокојување на нашиот голем просветител и учител на сите словенски народи Свети Климент Охридски.