ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирањето во здравствениот систем отсекогаш бил и ќе биде наш приоритет

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, испрати реакција во врска со прес-конференцјата на ОО на СДСМ Охрид.

Фрустрацијата на СДСМ како што доаѓа се поблиску изборниот датум очигледно кулминира. Замислете на еден ваков голем христијански празник да се користат лаги, небулози и несоодветни вокабулари се со цел да се добие одреден политички поен е крајно неетички и неморално.

Да зборувате за Општата болница во Охрид во негативен контекст е повеќе од дегутантно, особено денес кога самата Општа болница може да се престави како еден од најсовремените здравствени регионални центри со стручен и професионален кадар. Во време кога условите во Општата болница историски гледано никогаш не биле подобри и во време кога само пред неколку недели беа доделени вкупно 705 000 евра во медицинска опрема.

Очигледно вас Ви одговара за одредени работи и институции да имате амнезија и да заборавате во каква состојба беа институциите кои ги споменувате низ целата изборна кампања токму во Ваше време.

Лесно можете да направете компарација. Но за потсетување само погледнете ги пресовите и изјавите на ВМРО ДПМНЕ во врска со Општата Болница и се ќе ви биде јасно. Но лесно можете да погледнете и во страница 386-387 од програмата Реално на ВМРО ДПМНЕ каде што се прикажани огромен број медицински апарати наменети токму за Општата Болница.

Ваквиот пристап кон здравството и инвестирањето на здравствениот систем отсекогаш бил и ќе биде приоритет на ВМРО ДПМНЕ не само во општина Охрид туку и низ Република Македонија.

Вашиот вокабулар кој го употребувате токму денес на еден ваков празник говори за тоа дека повеќе неодбирате средства за да дојдете на власт, но тоа е одраз на Вашата политичка (не) култура, а вашиот план за живот очигледно преставува план за манипулација на јавноста за сите проекти кои ги споменувате без притоа да го наведете начинот за нивна реализација. Охрид и Македонија за два дена ќе одлучат дека ВМРО ДПМНЕ е единствената политичка опција.“– стои во реакцијата.