Василевски: ВМРО-ДПМНЕ и во следниот мандат ќе се посвети на изградба на квалитетна патна инфраструктура

ВМРО ДПМНЕ и во следниот мандат ќе се посвети на изградба на квалитетна инфраструктура за подобрување на животот на граѓаните и на економските перспективи на нашата земја. Патната инфраструктура претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата и е од големо значење за подобрување на условите за животот на граѓаните за кои ВМРО ДПМНЕ неуморно ќе продолжи со реализацијата на крупни инфраструктурни проекти. Ова го истакна на денешната прес-конференција кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ5, д-р Сашо Василевски, која се одржа покрај  автопатот Охрид-Кичево.

„Во тек е изградбата на капиталниот проект автопатотот од Кичево кон Охрид. Автопатот од Кичево кон Охрид е комплетно нов автопат во должина од 57 километри и широчина од 26 метри. Овој автопат е дел од Паневропскиот коридор 8, на автопатот ќе се изгради најдолгиот тунел во Република Македонија во должина од 1.990 метри, потоа 7 мостови, 6 надвозници, 13 подвозници, 22 вијадукти.“– рече Василевски.

Како што рече тој, за овој проект предвиден е буџет од 374 милиони евра. Планирано е изградбата да заврши 2018 година.

Патната мрежа претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата. Во нашата земја патниот транспорт има најголемо учество во вкупниот превоз на стока и патници и затоа е од големо значење и за животот на граѓаните и за превозниците. Во основа постојната патна конструкција е цврста и со добар квалитет и ќе продолжиме да се залагаме патната инфраструктура во нашата земја да го стигне највисокото ниво на квалитет. Граѓаните ги препознаваат наште реализирани проекти и затоа на престојните избори на 11 декември несомнено ќе ја дадат подршката на ВМРО ДПМНЕ со заокружување на бројот 1.“- додаде Василевски.

WebOhrid