Притворен охриѓанец поради обид за убиство, нелегално чување оружје и предизвикување општа опасност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Н.Т. (52) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“ и против лицето Ц.М. (38) од с Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дела „помагање“ во кривично дело „убиство во обид“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот Н.Т. му е одредена мерка притвор од 30 дена.

На 12.12.2016 година во Охрид во сендвичара, Н.Т. од огнено оружје непозната марка испукал неколку куршуми кон И.А.(33) од Охрид, при што му нанел прострелни рани во пределот на двете нозе. После тоа И.А. во контактибилна состојба бил пренесен во Специјална болница „Св. Еразмо“ Охрид, додека Н.Т бил пронајден и приведен во ПС Охрид.